Дигитализацијата носи позитивни промени

Ова е заклучокот на првата неформална заедничка средба која денеска (24.8.2020 година) се одржа на иницијатива на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). На средбата учествуваа потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП. Дигитализацијата конечно стигна многу високо и на политичката агенда и во приоритетите на сите политички партии, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој додаде дека дигиталната трансформација е голем предизвик во справувањето со…

Постои голема потреба од иновации преку дигитализација

Постои голема потреба од иновации преку дигитализација во јавниот, како и во приватниот сектор, приватниот сектор беше и останува сериозен двигател во овој сегмент, а Владата веќе прави конкретни чекори и напори за воведување на дигитализација во јавниот сектор – ова се само дел од заклучоците од вториот јавен настан од серијалот „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, посочи дека дигитализацијата…

Дигитализацијата игра важна улога во борбата со лажните вести

На ден 7.9.2020 година, во Клубот на пратениците во Скопје се одржа првиот јавен настан насловен „Дигитални предизвици за општествена трансформација“. На настанот свои излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, проф. д-р Соња Филипоска, редовен професор на ФИНКИ и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност,  медиуми и дигитализација на ИДУЕП. Министерот Манчевски се осврна на трите клучни работи во однос на дигитализацијата кои се во тек, како и на плановите во таа насока во иднина. „Ние…