Воведувањето на дигитални алатки во образованието е многу сериозна тема која одлучува за иднината на денешните генерации ученици и студенти. Оттука, важно е сите образовни и воопшто општествено-политички чинители аргументирано да разговараат на оваа тема. Независно дали и каква одлука финално ќе биде донесена за осовременувањето на образованието, таа треба да е издржана, инклузивна и првенствено фокусирана на потребите на учениците, студентите и сите други кои се на првата линија на образовниот „фронт“, сметаат од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). „Изминативе неколку недели иако тивко, постојано ги…