Потребни се активни млади, но и политичари што ќе ги вклучат во носењето на одлуки – Одржана дебата на тема „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“

Преземање на конкретни мерки за справување со корупцијата која е една од главните причини за иселување на младите, суштински промени во образованието и активна младина која директно ќе учествува во креирање политики и носење одлуки на сите нивоа – ова се дел од заклучоците на дебатата „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“ организирана од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“, во соработка со Клубот за младински политики при Собранието. Млади, претставници на младински организации и политичари отворено разговараа за дел од најважните…