ИДУЕП дебата во Собранието: Младите бараат изборен модел кој ќе ги мотивира да излезат на гласање

Младите сакаат изборен модел кој ќе ги рефлектира нивните потреби и интереси и ќе ги мотивира да излезат на гласање, како и да гласаат за кандидат чиј успех ќе се мери според сработеното. Сите учесници на дебатата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ “ се согласни дека се потребни реформи согласно потребите на општеството и по мерка на граѓаните. На дебатата во организација на  Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања која се одржа во Собранието учествуваа младите пратеници Моника…

Дигитализацијата е приоритет на младите и мотивацијата да останат во земјата – Клубот за младински прашања и политики при Собранието и ИДУЕП ќе работат на заеднички иницијативи

Клубот за младински прашања и политики при Собранието и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) ќе работат заедно на имплементација на иницијативи за дигитална трансформација на општеството кои ќе придонесат да им се обезбеди полесен и подобар живот на младите во земјава како и да се мотивираат иднината да ја гледаат во својата земја. Ова е договорено на денешната средба во Собранието насловена како „Дигитализацијата како алатка на младите за воведување нови практики на добро управување“. На средбата ИДУЕП претстави повеќе иницијативи во делот на дигиталната трансформација и…