На 4 октомври 2024 година, во амфитеатарот на Деканатот при Медицинскиот факултет се одржа работилницата на тема „Јавно говорење како клучна вештина за успех“ каде предавач беше комуникологот и експерт за застапување, Бојан Кордалов. Во рамки на Работилницата, студентките и студентите стекнаа нови практични знаења и вештини за стекнување самодоверба, владеење со сцената. Тие учеа како да станат успешни говорници и соговорници, но и како правилната комуникација може да им помогне во секојдневниот живот, во рамки на студирањето и секако на кариерниот пат. Работилницата за јавно говорење беше дел од…
Tag: јавно говорење
ИДУЕП со поддршка за Интердисциплинарната студентска конференција 2024
Во годината во која Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) прославува 15 години од своето постоење, одлучивме да организираме 15 општествено активни настани. Еден од настаните го организиравме заедно со Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) како поддршка за студентите на најголемиот македонски универзитет преку одржување на работилница на тема “Моќта на јавното говерење/The power of public speaking” на која предавач беше комуникологот и претседател на Институтот, Бојан Кордалов. Работилницата беше одлично посетена и целосно интерактивна, со фокус на прашањата и мислењата на студентите…
