ИДУЕП иницира креирање дигитална платформа за ефикасна двонасочна комуникација на граѓаните со локалните власти

Целосна транспарентност и отчетност за работата на секоја општина и нејзините градоначалници, можност граѓаните да контактираат со сите свои советници и советнички на брз начин, како и лесно пријавување на иницијативи и проблеми до локалната администрација – ова се основните промени кои граѓаните ги очекуваат од работата на единиците на локалната самоуправа во следниот мандат. Според согледувањата на програмите, рекламирањето и јавните настапи на кандидатите на Локалните избори кои ги направи Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), ваквите заложби беа недвосмислено ветени од страна на сите политички партии…

ИДУЕП Анализа: Јавните функционери со зголемено присуство на социјалните медиуми во 2020 година

119 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2020 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Двонасочната комуникација останува предизвик и за 2021 година, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени…