Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ промовиран во Општина Центар

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ е промовиран во Општина Центар. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Горан Герасимовски од страна на коавторите Тоше Зафиров и Бојан Кордалов. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа поделени во архивата и библиотеката на Општината, а за потребите на вработените во надлежните сектори. Прирачникот за дигитална трансформација се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација…