ИДУЕП: Младите се во ЕУ, институциите на централно и локално ниво да изнајдат начини како да ги вклучат повеќе во евроинтеграциските процеси

Потребна е вистинска и поголема вклученост на младите во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирање на јавни политики, особено како дел од процесот на пристапување кон ЕУ – ова беа дел од заклучоците кои се дискутираа на втората дебата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) насловена „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. Пратеничката и координаторка на Клубот на млади пратеници во Собранието, Моника Зајкова истакна дека немаме…