Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

Конкретни младински иницијативи и заложба за нивно финансирање, амандмански предлози и други законодавни иницијативи, како и симулации на собраниски активности како практична настава за учениците се само дел од идните активности кои Локалниот младински совет ќе ги достави до Општина Валандово од каде ќе бидат упатени за реализација до законодавниот дом – овие заклучоци беа во фокусот на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), а во соработка со Општината. Пратеничката Моника Зајкова,…

ИДУЕП дебата во Собранието: Младите бараат изборен модел кој ќе ги мотивира да излезат на гласање

Младите сакаат изборен модел кој ќе ги рефлектира нивните потреби и интереси и ќе ги мотивира да излезат на гласање, како и да гласаат за кандидат чиј успех ќе се мери според сработеното. Сите учесници на дебатата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ “ се согласни дека се потребни реформи согласно потребите на општеството и по мерка на граѓаните. На дебатата во организација на  Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања која се одржа во Собранието учествуваа младите пратеници Моника…

Зајакнување на македонските евроинтеграции, унапредување на дигитализацијата и борба против лажните вести – Потпишан меморандум за соработка помеѓу Евро-Атлантскиот Совет и ИДУЕП

Заедничко застапување во јавноста на темите поврзани со евроатлантските перспективи на земјата, поддршка во справувањето со лажните вести, дезинформациите и теориите на заговор, како и соработка во сферата на дигитализација на општеството со цел унапредување на правата и можностите на секоја индивидуа и прилагодување на современите општествени текови – ова се основите на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија (АТА Северна Македонија) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Двете организации веќе започнаа и со планирање на пошироки заеднички организирани настани со цел подигнување…