Дебата: Дигиталната трансформација на образованието треба да биде по мерка на учениците, студентите и наставниот кадар

Младите сакаат настава во живо, но истовремено и осовременување на образовниот процес преку воведување на дигитални начини на учење – ова беше заклучено на првиот од серијата настани на тема: „Дигитална трансформација на образованието“, во организација на Советот за дигитална трансформација (СДТ) при Институтот Хајделберг и Форумот за образовни промени (ФОП). „Навистина ми е многу драго што Советот наидува на многу поддршки, на огромен број на размена на идеи, развој на потенцијални и воспоставување на конкретни соработки. Мислам дека веќе ја поставуваме темата за дигиталната трансформација на здрава основа. Бидејќи…