Караванот „Остави трага“ испрати порака од Дојран: Заедно за поголемо младинско учество и еднакво општество“

Дојран беше главното место каде викендов се одржа третиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, а кој е насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Целта беше да се подигне јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за создавање на вистинско еднакво и различно општество. Културата, уметноста и дебатата беа во средиштето на овој настан каде беа раскажани многу инспиративни и успешни приказни, но и примери за борба против стереотипите, дискриминацијата и говорот на омраза пред жителите…

Караванот „Остави трага“ во Дојран – Заедно за младинска активација и еднакво општество

Караванот „Остави трага“, кој има за цел да ги мотивира младите, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со третиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Дојран на 22.7.2023 година со почеток во 19:30 часот во паркот кај Општината („Кај јаворите“). Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна!“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата Н.Е.…