Вториот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ се одржа во Битола во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Место на одржување беше платото пред Офицерскиот дом во Битола каде се споија уметноста, културата и дебатата…