Поттикнување на забрзан развој на дигитална трансформација на општеството, како и ставање приоритет на потребата од воведување на е-трговија се во фокусот на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). Дигитализацијата и дигиталните вештини дополнително се наметнаа како потреба во целиот овој период на борба со коронавирусот, овозможувајќи многу вработени да ги задржат своите работни места, а огромен број на компании речиси две години да успеат да ја пребродат оваа криза. „Во овој сегмент е-трговијата одигра огромна и важна…