ИДУЕП поднесе иницијатива за брза изработка на дигитална апликација за јавен пристап до детални Ковид-19 податоци и анализи

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) до Министерството за здравство (МЗ) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) достави иницијатива за изработка на веб и мобилна апликација која ќе биде јавно достапна за медиумите и секој граѓанин со цел да може брзо и детално да се информира за актуелната состојба со Ковид-19 во земјава. Изработката на вакво дигитално решение е клучно, особено кога според здравствените авторитети се очекува пораст на бројките на заразени лица, како и потреба од поширок опфат на имунизација со цел заштита од новите…