Користењето на интернетот и социјалните медиуми е секојдневна навика на речиси секој човек во Република Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, 79.3 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства изнесувал 70.4 % во 2018 година. Во истиот период, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79.2%, а 68.7 % го користеле секој ден или речиси секој ден. Мобилниот телефон…