ИДУЕП Анализа: Подобрувања, но и падови во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери во 2021 година

115 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2021 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а мислењата од граѓаните речиси се неважни, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За…