Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтирање низ Балканот

Како дел од својата мисија за унапредување на европската интеграција, инклузивната комуникација и регионалната соработка, Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) е дел од организацијата на претстојната Регионална конференција „Мостови на искуство – Зајакнување на сениорското волонтирање низ Балканот“, која ќе се одржи во октомври 2025 година во Скопје. Оваа значајна конференција ја организираат Асоцијацијата за спорт и волонтирање (АСВ) и водечките европски партнери, меѓу кои и организациите Центар за европско волонтерство (Centre for European Volunteering – CEV), Конфедерацијата на европски услуги на сениорски експерти (Confederation of European…