ИДУЕП партнер во организацијата на Cassini хакатонот во Скопје

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) е поддржувач и партнер во организацијата на Cassini хакатонот во Скопје, дел од серијата Cassini Hackathons and Mentoring на Европската Унија. Настанот се одржа од 16 до 18 Мај 2025 година во Скопје и претставува водечка иницијатива на ЕУ за поттикнување на иновациите и претприемништвото базирани на ЕУ вселенски технологии. ИДУЕП како партнер придонесе за зголемување на видливоста и промоцијата на овој значаен настан, кој им нуди одлична можност на младите иноватори и претприемачи од Северна Македонија и поширокиот регион да се…