Грижата за менталното здравје е приоритет за младите – Глобалната иницијатива „Walk and Talk“ за прв пат воведена во земјава

Над 500 млади луѓе на возраст помеѓу 15 и 25 години во изминатите 3 месеци беа дел од иницијалните „Walk and Talk“ настани кои беа организирани во 16 општини. Главната цел на овој нов иновативен пристап кој за прв пат беше воведен во земјава е подигање на свеста и дестигматизација на темата за ментално здравје помеѓу младите луѓе. На настанот во Скопје, на младите и експертите за ментално здравје, им се приклучија и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, сопругата на Претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и заменик претставничката…