Собраниска дебата: Законски измени, но и вистинска волја за брза и ефикасна дигитализација на универзитетите

Дигитализацијата во високообразовните институциите денеска беше тема на јавната дебата што ја организираа Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со Иницијативата #DigiU во рамки на која учествува и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). На оваа дебата и претходеше дводневен Диги образовен хакатон на кој учество земаа претставници на универзитетските собранија, професори и пратеници од различни пратенички групи во Собранието, а беше во организација на ИДУЕП и Фондацијата за слобода „Фридрих Науман“. Координаторката на Клубот за младински прашања и политики при Собранието, пратеничката Моника…