Градиме тимски дух отворено разговарајќи со младите за важноста на менталното здравје – Караванот „Walk and Talk“ во Виница и Блатец

Со младите од Виница и Блатец градевме тимски дух, отворено дискутиравме и промовиравме разбирање и препознавање на важноста на менталното здравје и пружањето активна поддршка на поединците кои се соочуваат со ваков вид предизвици. „Walk & Talk“ караванот продолжува да шири позитивна енергија и да поттикнува креативни облици на физичка активност. Замислата на оваа иницијатива е настаните да се спроведуваат како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Пешачењето го смирува умот, го подобрува расположението, го намалува…