ИДУЕП дебата: Се подготвува законска можност за работа од далечина, државата мора да ги вклучи младите и да креира мерки кои ќе ги мотивираат да останат во земјата

Младите луѓе сакаат флексибилно работно време, работа од далечина и услови за квалитетен живот по нивна мерка, а државата треба поактивно да ги вклучи во носењето одлуки и креирање политики со цел да имаме мотивирана младина да остане во земјата – ова се дел од заклучоците од втората јавна дебата посветена на подигање на јавната свест за младинската невработеност во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).…