Прирачник: Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?

Зошто е важна дигитализацијата на локално ниво и како да се постигне ефикасна трансформација кон е-општини се главните теми кои ги разработува Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ во издание на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“ (ФНФ). Прирачникот се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација и овозможување ефикасни дигитални услуги на јавната администрација на локално ниво. Дадени се принципи, но и конкретни примери на дигитални платформи што едноставно може да се применат во…