Општина Шуто Оризари ја поддржа Декларацијата на ИДУЕП за инклузивна дебата за осовременување на образованието

„Општина Шуто Оризари ја поддржува Декларацијата на ИДУЕП за водење на дебата за дигитализација на образованието. Таквите иницијативи се од големо значење за иднината на денешните генерации ученици и студенти и таквите практики преставуваат единствен начин на кој може да се носат инклузивни решенија од интерес на сите граѓани“ – ова е пораката на Рамиза Сакип, Советничка за образование во општина Шуто Оризари испратена до Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За таа цел, градоначалникот Курто Дудуш во име на Општината Шуто Оризари даде и поддршка на иницијативата…