Општина Свети Николе со поддршка за Декларацијата на ИДУЕП за инклузивна дебата за осовременување на образованието

Градоначалникот Сашо Велковски во име на Општина Свети Николе даде поддршка на иницијативата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) преточена во Декларацијата која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието. Кабинетот на претседателот на Републиката испрати одговор до ИДУЕП за оваа иницијатива на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Во одговорот од Кабинетот на претседателот Пендаровски, меѓу другото, се истакнува дека претседателот внимателно ги следи случувањата поврзани со дигитализација на образованието…